Протетика

Протетика

Природна убавина и хармонија

Во Мартулкови стоматолошка ординација, протетиката ја третираме како уметност и прецизна наука. Со комбинација од современи технологии, квалитетни материјали и индивидуален пристап, создадаваме природни, функционални и естетски решенија за секој пациент. Нашата цел е да ја вратиме вашата насмевка, комфор и самодоверба.

Мартулкови стоматолошка ординација

Зошто да не одберете нас?

Во нашата стоматолошка ординација, протетиката ја третираме како уметност и прецизна наука.

Секој протетски елемент го изработуваме врз основа на детална дијагностика, современи дигитални технологии и најквалитетни материјали.

Нашата цел е максимална функционалност, удобност и природен изглед на вашата насмевка – со враќање на самодовербата и уживањето во секојдневието.

Протетски решенија​

Современи третмани и техники

Во нашата ординација користиме најсовремени методи за:

Фиксни и мобилни протези

Нудиме современи фиксни и мобилни протези прилагодени на вашите потреби.

Фиксните протези (метал-керамички, безметални или циркониумски) се цементираат на забите или импланти и обезбедуваат стабилност и природен изглед. 

Мобилните протези се удобни, лесни и практични – идеални за пациенти со повеќе изгубени заби

Метал-керамички и безметални коронки

Коронките се најчесто решение за заштита и обновување на оштетени заби. 

Метал-керамичките нудат издржливост и долготрајност, додека безметалните (керамика или циркониум) обезбедуваат природен изглед без метален раб, идеални за предните заби

Естетски
винири

Тенки порцелански или композитни ламели кои се поставуваат на предната површина на забите за да се подобри нивниот изглед.

Со винирите ги коригираме неправилностите, бојата и формата – создавајќи совршено усогласена и светла насмевка.

Циркониумски мостови

Современо и естетско решение за надоместок на повеќе заби.

Циркониумот е биокомпатибилен материјал со природна боја и транспарентност, обезбедувајќи стабилност, елегантен изглед и долготрајност.

Имплантопротетика

Комбинираме импланти и протетски конструкции за цврста и природна насмевка.

Имплантите служат како стабилна основа за коронки, мостови или протези, овозможувајќи максимална функционалност и естетика.

МАРТУЛКОВИ

Нашата цел

Квалитет што се чувствува – насмевка што трае.

Максимална функционалност

Удобност
при употреба

Природен
изглед

Враќање на
самодовербата

Мартулкови – традиција во стоматологијата, прецизност во секој детал

ПРОТЕТИКА

Процесот на изработка

Сè во еден процес – брзо, прецизно и безболно

  • Првичен преглед и дијагностика
  • Дигитално планирање (CAD/CAM)
  • Изработка и проба
  • Финално поставување
  • Контрола и препораки за одржување
ординацијата Мартулкови

Прецизна изработка и персонален пристап

Во нашата стоматолошка ординација, протетиката ја третираме како уметност и прецизна наука. Секој пациент е различен, па затоа секоја протеза, коронка или мост е индивидуално изработен според анатомските и естетските потреби на вашата уста. Со помош на современи дигитални технологии и детална дијагностика, овозможуваме идеална прецизност и совршено прилагодување. Нашата цел е да добиете природен изглед и максимална удобност при секој говор, залак и насмевка.