Ендодонција

ЕНДОДОНЦИЈА

Терапија на коренски канали

Во Мартулкови стоматолошка ординација, ендодонцијата претставува прецизен третман чија цел е да се спаси природниот заб и да се спречи понатамошна инфекција. Со современи техники и дигитална технологија, обезбедуваме безболна и сигурна терапија на коренските канали за долготрајно здравје на вашата насмевка.

ЕНДОДОНЦИЈА

Четири чекори до здрав заб

Во нашата ординација користиме најсовремени методи за:

Дигитална дијагностика

Користиме дигитална радиографија за прецизна анализа и минимална изложеност на зрачење

Ласерска терапија

Безболни и ефикасни ласерски третмани за отстранување на инфекција и подобро заздравување

Моторизирани инструменти

Современи никел-титаниумски системи за брзо, сигурно и прецизно чистење на коренските канали

Зачувување на природниот заб

Нашата цел е да ги зачуваме максимално здравите ткива и да ви овозможиме долгорочно решение без потреба од екстракција

ЕНДОДОНЦИЈА

Предности на
ендодонтскиот третман

Ефикасно решение за заб што би можел да се спаси

Спречува ширење
на инфекција

Го зачувува природниот заб

Ја елиминира болката и воспалението

Обезбедува долготрајна стабилност