Пародонтологија

Мартулкови стоматолошка ординација

Пародонтологија

Во Мартулкови стоматолошка ординација, посветено се грижиме за здравјето на вашите непца и околни ткива преку целосни пародонтолошки третмани. Нашата цел е едноставна – здрава основа за стабилни заби и долготрајна насмевка. Пародонтологијата се занимава со превенција, дијагноза и лекување на заболувања кои ги зафаќаат непцата и коската околу забите – најчесто гингивитис и пародонтитис. Овие состојби, ако не се третираат навреме, можат да доведат до губење на заби.

МАРТУЛКОВИ

Симптоми што не треба да ги игнорирате

Ако препознавате нешто од ова – потребен е преглед.

Крварење при четкање/конец

Црвенило, оток, чувствителни непца

Лош здив, повлекување на непца

Подвижност на заб/празнини што се појавуваат

ПАРОДОНТОЛОГИЈА

Наши третмани

Во нашата ординација користиме најсовремени методи за:

Темелно чистење на забен камен

Отстранување на плак и камен над и под непцето, мазнење на корен за намалување на бактерии

Oтстранување на инфицирани

Длабинско механичко чистење на џебови со специјални инструменти и ултразвук

Превентивни третмани

Гелови/раствори во џебовите за намалување на инфекцијата и воспалението

МАРТУЛКОВИ

Нашиот пристап

Со индивидуален план и внимателна грижа, во Мартулкови ординација обезбедуваме:

  • Личен третман прилагоден на вашето здравје
  • Континуирана грижа и следење на резултатите
  • Обука за правилна орална хигиена
  • Поддршка и мотивација за пациенти
Мартулкови

Домашна нега

Правете:

Четкање 2× дневно (мека четка) + интердентални четки/конец Иригатор за тешко достапни места Професионално чистење и контроли редовно

Избегнувајте:

Пушење (го влошува исходот) Прескокнување контроли Агресивни абразивни пасти